УСЛУГИ

КЈК КОНСАЛТИНГ

Сметководство

Нашиот тим располага со стручност и долгогодишно искуство во водење на сметководство на компании од сите големини и сите сектори, со цел да ги исполните сите законски обврски и одговорности. Наша цел е да го донесеме сметководственото евидентирање на едно ново автоматизирано ниво на автоматска обработка на податоци.

Нашите сметководствени услуги вклучуваат:

  • Водење на деловните книги во согласност со МСФИ
  • Собирање и процесирање на сите документи
  • Изготвување поднесување на даночни пријави
  • Изготвување на пресметка на плата на вработени, пресметка на придонеси за социјално осигурување, како и персонален данок на доход
  • Изготвување на завршна сметка и финансиски извештаи на крајот на деловната година
  • Администрирање на боледувања
  • Склучување и откажување на договори за вработување пред Агенцијата за вработување, пензискиот фонд, здравствениот фонд и управата за јавни приходи.
  • Пријавување на договори за кредитирање во согласност со одредбите на Народна Банка на Република Северна Македонија (НРБМ), како и изготвување на останати извештаи за потребите на НБРМ и за статистички цели

* Accountants | Advisors | Tax Consultants | certified public accounting firms, accounting and tax needs of companies.